0% completed

Прашалник за родителите на Gesamtschule Schinkel

Драги родители,

Вашето дете го посетува Gesamtschule Schinkel. Ова училиште го подготвува Вашето дете за обука или професија. Сакаме да знаеме: Што Вие како родители мислите за понудите за професионална ориентација на училиштето?

Ние сме тим на истражувачи и студенти на универзитетот во Дуизбург-Есен. Ангажирани смево институтот за работа и квалификација (IAQ). Таму работиме на истражувачки проект.Се вика.„Училиштето те прави силен“ (Schule macht stark).

Сакаме да знаеме: Какви се Вашите искуства со понудите за професионална ориентација? Што мислите за тоа како училиштето го подготвува Вашето дете за времето после училиште?

Вашето мислење ни е важно. Ве молиме учествувајте во нашата анкета.
Одговорите на сите родители ќе ги чуваме во тајност. Никој нема да дознае што сте одговориле. Вашето име ќе се чува во тајност. Името на Вашето дете ќе се чува во тајност. На почетокот на анкетата Ве информираме за правилата за заштита на податоци.

Ве молиме прочитајте ги сега правилата за заштита на податоци. Доколку сте согласни, кликнете Ве молиме на „понатаму“. Тогаш можете да учествувате на анкетата.

Ќе не радувадоколку Вие учествувате! Резултатите од анкетата ни помагаат, професионалната ориентација на Вашето дете да ја направиме уште подобра.

Заштита на податоци– За повеќе информации Ве молиме кликнете овде.

Информации за заштита на податоци

 

Истражувачите и студентите на Универзитетот во Дуизбург-Есен ја направија онлајн анкетата. Тие прегледуваат што одговориле луѓето.

Сите, кои работат на анкетата, се согласија да се придржуваат на правилата за заштита на податоци. За ова постои закон во однос на Општата регулатива за заштита на податоците [GDPR / DSGVO].

Анкетата е во согласност со правилата за заштита на податоците. Ова значи дека Вашето име и личните податоци остануваат приватни. Името и местото на училиштето исто така не се соопштуваат.

Само истражувачите и студентите имаат пристап до зачуваните одговори. Информациите се чуваат за да може подоцна да се гледаат и да се проценат повторно. Но, информацијата нема да биде споделена со никој друг.

Ваша слободна одлука е дали сакате да учествувате во анкетата. Ако не сакате да учествувате, ништо лошо нема да се случи. Ако сакате, можете да ја завршите анкетата во секое време. Ако се предомислите, можете и подоцна да ја повлечете согласноста. Но, она што веќе го разгледавме до тој момент останува како што е.


Изјава за учество во онлајн анкетата

Учествувам во анкетата на тема „Професионална ориентација“.

Ве молиме внесете ги сите потребни информации во следните полиња.

Потврда за учество:

Ве молиме кликнете на полето подолу за да учествувате во онлајн анкетата.

Christoph Pelka – 2023